Art & Crafts

Поправете ги уништените потпетици…

Ништо не  е за фрлање ! Пред да одлучите да фрлите некој предмет или парче гардероба, бидејќи го немате облечено со години, размислете дали може да го искористите на некој друг начин. Во случајов, доколку Вашите омилени сандали не ги носите поради оштетувањата на потпетиците, не се разочарувајте…

Следете ги следниве упатства и за момент претворете ги во уникатни сандали, кои ќе ги носите со задоволство !!!

Она што Ви е потребно е :

* лепак

* светки во прав

* четкичка за мачкање

* хартиена чинија

…Потоа

1. Измешајте го лепакот со светките

2. Убаво мешајте додека не се постигне густа смеса

3. Намачкајте ја смесата на потпетиците, почекајте да се исуши и повторете ја постапката

4. Сега повторно можете да блеснете во Вашите омилени потпетици !!!

 

Напиши коментар