Charlize Theron и Kristen Steward – главните ѕвезди од филмот „Снежана и ловецот“, повторно ги здружија силите, но овој пат за фотосесијата за изданието месец јуни/јули на списанието „Interview“.
Позирајќи во елегантни и софистицирани фустани создадени од најдобрите дизајнери во модната индустрија, и двете актерки изгледаат неверојатно секси, драматично и заводливо.
Kristen конечно успева да се приспособи на модниот свет и камерите. За оваа прилика, таа носи фустан на Versace и повеќе не изгледа така наивно како досега. Steward порасна и знае дека вреди злато.
Theron, која од секогаш знаела да импресионира со убавината и талентот за глумење, за списанието се сликала полна со самодоверба; моќна е и фатална.
Фотосесијата е дело на Mikael Jansson, а филмот премиерно ќе биде прикажан во кината во текот на утрешниот ден.