Новиот автомобил Porsche Boxster 2012, е понова верзија на својот претходник, а разликата ќе треба да ја платите 1400 долари повеќе од претходникот.
Porsche Boxster ќе пристигне најпрво во Австралија на 7 јули, каде основниот модел ќе чини 107.500 долари, а C варијантата ќе се продава по цена од 133.800 долари.

И давта модели доаѓаат како стандардниот со шест брзински мануелен менувач. Во него е вграден нов 2,7 литарски, шест цилиндричен мотор кој генерира сила за 7 kW повеќе од претходниот 2,9 литарски мотор, што значи вкупна моќност од 195 kW.
Porsche вели дека основниот Boxster развива брзина од 100 км/час за 5.8 секунди.

