Porto Carras се наоѓа на Ситонија, централниот крак на полуостровот Халкидики…
Ова мало и монденско место е вистинско ремек дело на архитектонското проектирање и дивиот предел кој е трансформиран од 4500 хектари, во едно од најубавите и најфасцинантни области на Халкидики.
Песочните плажи покрај хотелот, се наоѓаат на 1600 метри, а целокупниот ресорт го сочинуваат три хотели и најголемото приватно пристаниште во Северна Грција. Хотелите Мелитон и Ситонија се синоним за луксуз со пет ѕвездички, а хотелот Village Inn е изграден во византиски стил со стандарди на традиционалната македонска култура, што е само уште еден од доказите кои што нашите јужни соседи ги негираат, во врска со идентитетот.

Вилата Галини, која е изградена на највисоката точка на ридот Галини во Порто Карас е вистинска скапоценост и пример на единствената архитектура и убавина. Ова место е посетувано од страна на високите елитни кругови, од кои важно е да се издвојат Салвадор Дали, Мелина Меркоури, Константин Караманлис, Владимир Путин и други…
Porto Carras е спој на современ луксуз, историско богатство и традиција и токму поради тоа со децении е интересна и примамлива дестинација за туристите од целиот свет…










