Убавина

Портокалот ја спречува опасноста од инфаркт кај жените

Состојката која ја содржат портокалите, грејпфрутот и другите цитрусни овошја знчително го намалуваат ризикот од инфаркт кај жените.

Исхраната богата со флавонони, кои му ја даваат бојата на овошјето, го намалуваат ризикот од инфаркт за 19%. Флаваноните се подкласа на флавоноидите, а може да ги најдете во цитрусното овошје, лукот, зелениот кај, темните вина и темната чоколада.

Според последната британска студија, во која биле вклучени 70 000 жени во период од 14 години покажала дека токму оние жени кои најмногу конзумирале цитрусно овошје, особено портокали, имале најнизок ризик од инфаркт.

Уште одамна е познато дека флавоноидите се одлични за превенција на срцеви болести и инфаркт. Научниците им советуваат на луѓето, а особено на жените, да конзумираат таканаречено кардиопротективно овошје, кое содржи флавонони и ги зајакнува крвните садови, па со тоа спречува и развој на срцеви болести.

Напиши коментар