Марк Ентони ја преработил својата тетоважа на која пишувало „Џенифер“ и одлучил да ѝ покаже на својата нова девојка Шенон де Лајм колку е загреан за неа.
На местото каде некогаш се наоѓала тетоважата посветена на Џенифер, Марк ја истетовирал репликата од Статуата на слободата. Заљубениот пејач веќе и претходно напиша на Твитер дека неговата нова девојка е неговата Статуа на слободата.
Според медиумите, самата Шенон била присутна додека се работело на тетоважата, а се тетовирала и 17-годишната ќерка на Марк, Аријана.