ШоуБиз

Posh сака да стане стјуардеса :)

Victoria Beckham решила малку да се нашали и да ни ја покаже својата хумористична страна. За таа цел, на Твитер поставила слика на која се гледа како таа седи во авионот за Пекинг и ѝ го презема работното место на стјуардесата за време на летот.

На сликата се гледа како Posh седи веднаш до стјуардесата и се обидува да им соопшти нешто на патниците. Младата девојка прави фаца и со прстот покажува кон познатата дизајнерка.

Под сликата Victoria напишала:

–          Екипажот се подготвува за слетување. Добредојдовте во Пекинг!! Бакнежи…

Инаку, Posh во последно време се обидува да биде што е можно повеќе присутна на Твитер и Фејсбук за да им стане поблиска на своите фанови, а на тој начин тие подобро би ја запознале вистинската Victoria.

Write A Comment