ШоуБиз

После врисок, развод

Минатата година се пишуваше дека актерскиот пар Дејвид Аркет и Кортни Кокс се разведуваат. Потоа следеа обиди за смирување, за на крајот сепак да се решат за развод.

Тие конечно ја донесоа големата одлука да му стават точка на 13 годишниот брак. Во периодот кога се обидуваа да најдат заедничко решение и да го спасат бракот, снимаа уште едно продолжение на “ Врисок”, но сега е дефинитивно крај.

Актерот ги поднел документите за развод во судот во Лос Анџелес, каде како причина за развод ги наведува непремостивите разлики и бара заедничко старателство над седум годишната ќерка Коко. Иако Кортни е финансиски посилна, Дејвид не бара алиментација од неа.

Напиши коментар