ШоуБиз

Последниот филм на Витни Хјустон!

Последниот филм со актерката и пејачка Витни Хјустон со наслов „Sparkle“ премиерно ќе биде прикажан во кината во август, оваа година. Филмот ја следи приказната на една музичка група која постојано се бори со славата и со дрогите.

Филмот е римејк на остварувањето од 1976 година и донекаде е заснован врз сторијата на групата „Supremes“.  Витни ја игра мајката на трите ќерки кои се обидуваат да се справат со потешкотиите кои им ги носи успешната музичка кариера.

Инаку, компанијата „Сони“ е шокирана од веста за смртта на Хјустон.

–          Светот изгуби извонреден талент. Витни остави неверојатна трага врз филмската и музичката индустрија. Ужасно ќе ни недостасува, – изјавиле од студиото.

Напиши коментар