Мојата кујна

Посни мафини

Постите се веќе почнати, па не е на одмет да приготвите нешто ново, поинакво.

Потребни состојки:

–      1 шолја пченкарно брашно

–      1 шолја пиво

–      1 шолја мед

–      ½ шолја остро пченично брашно

–      ½ шолја меко пченично брашно

–      ½ шолја масло

–      2 лажички цимет

–      2 лажички сода

–      сок од половина портокал

–      2/3 шолја сецкани ореви или лешници

Подготовка:

Во длабок сад ставете ги сите видови на брашно, содата, оревите, циметот и се убаво промешајте. Потоа постепено додавајте го пивото, медот и маслото. Добиената смеса ставете ја во плех за печење со модлици, но во секоја од нив ставете и по една хартиена корпа. Печете 20 минути на 200 степени.

 

Напиши коментар