Здраво тело

Дали постои совршен појадок ???!!!

Да постои…

Денот започнете го со овошје и житарки !!!

Но не може секој да се придржува кон совршениот доручек!!!

Многумина не знаат дека организмот во текот на ноќта троши енергија, и поради таа причина не треба да се прескокнува појадокот. Наутро пијте многу течности а тешките намирници како путерот, сувомеснатите производи и сирењето оставете ги за подоцна.

Личностите кои стануваат покасно и оние кои тешко се будат треба да јадат лесна храна со малку масти и многу јаглеидрати. Доколку припаѓата во групата на оние кои се будат покасно тогаш Вашиот идеален појадок треба да содржи овошје, мед, житарки, чај или бело кафе ( чаша млеко со малку кафе).

Доколку сте од оние кои ја „обожаваат“ храната и имате време да појадувате, а притоа да уживате во појадокот, идеалниот појадок за Вас е сендвич но не со шунка или некој друг вида салама туку производи од риба или риба од конзерва. Во комбинација со сендвичот смеете да испиете овошен јогурт или обичен јогурт или свежо исцеден овошен сок. И верувајте нема да помислете на храна во наредните 6 часа.

Појадокот го ублажува стресот

Личностите кои се во постојано движење и се склони кон стрес најчесто немаат ни време за појадок. Таквите личности лошо спијат и наутро пијат само кафе мислејќи дека тоа им е доволно да имаат успешен ден. Но таквото мислење е најголемата грешка која ја прават секој ден и тоа по навика. За таквите личности се препорачува појадок кој ќе содржи поголем процент на витамин Б. Витамините Б најмногу се застапени во зрнестите храни како пченица, ориз, овес, ’рж, зеленчукот, јајца, јаткасти плодови.

Напиши коментар