Убавина

Постои ли зависност од шминкање ?

Да постои!!!  Christina Aguilera  е таа која најдобро ја објаснува оваа појава. Можете ли да се сетите на барем една фотографија на која таа нема совршена „фасада“ на лицето?  Се чини дека не!!! Таа се шминка за секоја пригода и во секое време… за нејзиниот стил може многу да се збори но тоа е предмет на друга приказна.

Одбивањето некој да ве види без шминка често се поврзува со зависност. Доколку сакате да откриете дали сте зависни од шминкање одговорите на прашањата што следат и дознајте дали имате проблем!!!

Можете ли неколку дена да бидете без шминка? Направете си тест, испровоцирајте се самите себе и пробајте неколку дена да поминете без да ставите шминка на лицето.

Дали вашите пријателки имаат исти навики како Вие? Запрашајте се колкава е границата за количеството и интензитетот на шминка која е нормална.

Дали потребата за шминка негативно влијае врз вашиот живот? Доживувате ли стресни моменти кога ќе ја заборавите шминката дома?

Дали сте спремни за откажувања, само да не ве видат без шминка на лицето?

И се ќе ви биде јасно!!!

Напиши коментар