Убавина

Постојана шминка – помалку нервози

За да спречите растопување и размачкување на Вашиот мејкап и да не бидете чести посетители на огледалата за време на Вашите вечерни излегувања, Ви откриваме мали трикови, по сугестија на светски познатите стилисти.

Колку пати сте се почувствувале нецелосно, кога ќе се погледнете и ќе видите дека фали многу од Вашата шминка, или ќе ја видите на многу места на Вашето лице, каде што е непотребна? А сте загубиле минути, дури и часови…Без оглед на квалитетот на шминката, во топли простории таа брзо се топи и размачкува. Затоа, уште на самиот почеток, темелно исчистете го лицето со лосион, за да ги отстраните вишокот масти. Потоа, нанесете хидратантен крем и почекајте 15 минути за кожата да ја впие. Најважно, употребувајте течна подлога, која најубаво ја фиксира шминката. Руменилото ги истакнува најубавите црти на лицето, но најбргу исчезнува. Тоа нема да се случи ако употребувате руменило во прав кое ќе го нанесете на образите, „јагодиците“ и челото. Доколку пак не би сакале лесно да Ви се отстранува карминот, нанесувајте специјална подлога за кармин, а потоа повеќе слоеви. Ако немате подлога, ставете пудра во прав, врз нанесениот кармин. Исто така, пред нанесувањето на сенката, на очните капаци ставете мал слој течна пудра…

 

Потоа излезете и блеснете !

Напиши коментар