Убавина

Потсвеста е најголем непријател на витката линија

Она што ја блокира витката линија всушност е потсвеста.

Францускиот психијатар Стефан Клеже тврди дека потсвеста е виновна за неуспешните диети. Многугу жени потсвесно се врзуваат за своите облини, можеби бидејќи нивните мајки и баби биле такви, или пак се плажат да ослабат бидејќи мислат дека ќе останат без „невидливата заштита“ или пак нема да го познаат својот одраз во огледало.

„Кога вашата мајка трет пат ќе ве понуди со вкусни колачи, јасно кажете и дека многу подобро ќе се чувствувате доколку имате помалку килограми, пред се од здравствени причини“, вели доктор Клеже.

Тој тврди дека доколку сте се здебелиле откако сте раскинале со вашиот партнер или килограмите ги сметате за штит кој ве заштитува од надворешниот свет, тоа јасно покажува дека сте емотивно незрела личност. Неопходно е да „работите на себеси“ за да изградите други механизми за одбрана. „По неуспешна врска, дајте си себеси време да ја преболите загубата и да ги залечите раните“, потенцира Клеже.

Доколку сметате дека со слабеење ќе го изгубите својот идентитет бидејќи мислите дека останатите ве доживуват како „сатка дебелка“, треба да се определите за постепено слабеење, за спрт и долга диета која постепено ќе ве менува, за да имате доволно време за да се привикнете на новиот изглед.

Напиши коментар