Убавина

Потврдено: копривата ја зајакнува косата

Нормално е косата да опаѓа, бидејќи се обновува, но ако тоа е повеќе од вообичаено тогаш тоа е знак дека треба да превземете нешто.

Решението побарајте го во природата. Оддамна е познато дека копривата има големо влијание за квалитетот и здравјето на косата. Затоа припремете го овој тоник со кој ќе имате здрава и цврста коса. Тоникот исто така го спречува и опаѓањето на косата.

Потребно ви е:

–          100 гр листови од коприва

–          150 мл дестилирана вода

–          50 мл јаболков оцет

Измешајте ги состојките и варете ги на тивок оган околу 20 мин. Оставете го садот поклопен 24 часа.

Процедете ја течноста, но претходно убаво истискајте ги листовите. Соберете ја течноста во еден сад и еднаш неделно масирајте го коренот на косата.

Write A Comment