Убавина

Поубави гради без скалпел

Многу жени посакуваат поголемо деколте, но без да одат под нож. Своите облини можете да ги нагласите или да ги создадете со помош на облека, но и со вежби за градните мускули, масажа, како и исхрана богата со естроген.
Правилно држење 
Држете ја главата исправено, грбот исправен, вовлечете го стомакот и истакнете ги градите.
Вистинска големина на градникот
Соодветна големина, но и модел помагаат градите визуелно да изгледаат поубави. Пуш-ап моделите ги подигаат, ги спојуваат градите и создаваат бујно деколте. Поставените градници имаат зашиени сунгери и визуелно ги зголемуваат, а не ги подигаат. Моделите со постава од гел се дизајнирани да изгледаат поприродно.
Облека која го нагласува деколтето
Облеката без деколте или со многу мал V израз  ге направи градите да ви изгледаат помали. Жените кои имаат мали гради би требало да носат умерено деколте, асиметрични или набрани изрази. Светлите бои ги зголемуваат градите, а темните ги намалуваат, затоа носете темни панталони или здолниште, а горе облечете нешто во светла нијанса или со хоризонтални линии.
Масажа
Масажата е добра за стимулирање на нервите и зголемување на протокот на крвта, што со тек на време може да се зголеми и да ги зајакне градите. Зголемениот проток на крвта помага во спречување градите да се опуштат. Сами можете да ги масирате градите така што ќе седнете на кревет и со кружни движења масирајте од долната страна, а потоа со брзи движења масирајте ја кожата околу брадавиците.
Вежби
Склековите се најдобар начин за зајакнување на мускулите на градите кои се наоѓаат под градите.
Исхрана
Некои истражувања покажале дека редовното земање мешавина на папаја и мелко може да помогне, бидејќи млекото е извор на естроген, а папајата содржи протеолитички ензими кои го помагаат  варењето на протеини. Сојата исто така е извор на естрген, па се препорачува консумирање со ориз, јачмен и млечни производи.

Напиши коментар