Motherhood

Повеќе љубов и нежност – подобро здравје за твоето бебе!!!

Прегратки, бакнежи и топли зборови лекуваат се! Студиите покажале дека изјавата на љубов и внимание го подобруваат расположението кај детето и освен тоа придонесуваат за подобра психофизичка здравствена состојба. Или накратко се вели дека љубовта има сила да лекува.

Еве како да го зголемите максимално позитивниот ефект од топлиот збор и нежниот допир:

Масажа

Нежната масажа ќе помогне бебето да напредува подобро и да го зголеми квалитетот на детскиот сон. Како бебето, така и вашето поголемо дете ќе се зарадува да му го протриете нежно грбчето или стомачето. Дури и обичната прегратка или малку галење по главчето ќе има исто така феноменален ефект.

Изненадување

Кажете на детето дека го сакате во неочекуван момент: додека возите, за време на вечера, или наутро кога ќе стане. Нежниот збор игра огромна улога за самодовербата на детето и тоа ќе се сака себе си повеќе ако често му повторувате колку е специјално и важно за вас. Тоа секако дека е така, но детето треба да знае, треба да му се покаже.

Дисциплина со внимание

Шамарите како средство за воспитување се крајно неумесни. Например едно дете удира друго. И што се случува?  Да објаснувате на некого дека не треба да се однесува грубо додека вие така се однесувате со него е загубена кауза.

Детето треба да се цени

Ако детето се дразни од премногу внимание или не сака во моментот да се гушка или да го бакнувате, не се наметнувајте – и не дозволувајте на роднините да го прават истото. Не стремете се да бидете најдобрата мајка на светот:  Доволно е само никогаш да не престанете да му покажувате на своето дете колку многу го сакате.

Љубовта е најважното нешто што ќе создаде квалитетен човек од тоа дете. Човек без фрустации, комплекси и стравови. Љубовта дури и лекува ако е доволно силна. И ако секојдневно ја изразуваме со зборови, гестови и дела. Децата се премногу мали за да ја разберат вашата љубов. Но ќе ја видат доколку најдете начин како да им ја покажете.

Напиши коментар