Холивуд е место каде буквално сè е можно. Шминката, изгледот и облеката кај ѕвездите се менуваат со брзината на светлината.
Еден ден ги гледаме со релативно кратка коса, а веќе наредниот на некој настап можеме да ги забележиме со доста подолги прамени. Не е ни чудно што тие постојано ја надградуваат косата со цел да изгледаат поинтересно и попримамливо за фановите.
Немаат тие време да чекаат како обичните смртници со години да им порасне косата. На оваа снимка може да видите како изгледаат пред и по вештачката надградба на коса некои од најпознатите ѕведзи од калибар на Beyonce, Rihanna, Jennifer Love Hewitt и Paris Hilton.
