Денес ќе ви ја претставиме есен-зима 2012/13колекцијата создадена од врвниот и еден од нашите омилени брендови – Прада. Кој не сака да носи Прада? Дури и ѓаволот ја носи! Шала на страна, денес имаме една одлична колекција што многу ќе ни го доближи есенскиот тренд. Пред се вниманието само по себе се насочува кон ексцентричниот принт и трите основни есенски бои што Прада ги форсира за оваа сезона: кафеава, портокалова и мастило боја. Секако дека и црната, но многу помалку застапена за сметка на овие три бои. Одлични аксесоари, одличен крој на моделите. Со еден збор – безпрекорно.










