Дизајниран од страна на Jiyoung Seo, SAI Modular Wall Storage Unit, претставува уникатен одговор на прашањето за чување на нашите предмети на едно место. Освен лесната прегледност и достапност, овој елемент обезбедува интересни функции кои автоматски, создаваат ново катче во Вашиот дом…

Овој изум е составен од силиконски коцки, кои уште кога ќе ги допрете создаваат интересно чувство. Силиконските блокови можат да бидат распоредени на повеќе начини, во зависност од функцијата и начинот на кој што сакате да ги складирате Вашите предмети. Некои коцки дури ја менуваат и бојата, вршејќи функција на персонализирани копчиња, кои ги исполнуваат Вашите желби. Овој практичен ѕиден елемент е погоден за чување на книги, магазини, весници. Со секој допир, овие коцки обезбедуваат сигурност и уредност на Вашите предмети. Според имагинацијата, можете да го менувате нивниот распоред. Тоа може да се претвори во вистинска уметност, произведена од оваа „ магична кутија “ или во организирана платформа…
На овој начин, дизајнерот го опишува неверојатниот и оригинален изум…
Ќе се согласите дека вакво нешто е потребно во секој дом !!!






