Art & Crafts

Практични совети за штедење гориво

Во времето на светските кризи, најголема дамка остава формирањето на цената на горивото. Балансот, кој произлегува од светската политика, дефинитивно претставува долготраен процес кој вклучува повеќе актери, но ние Ви нудиме неколку совети со кои Вие ќе ја преземете главната улога, а сепак…ќе заштедите !!!

1. Создадете  „утринска рутина“- По утрото денот се познава, а во прилог Ви е информацијата дека наутро температурите се пониски, а со тоа се зголемува и густината на горивото. Така, ќе добиете во количина…

2.Точете при услови на полупразен резервоар-  Кога во резервоарот има многу воздух, а тоа се случува при состојба на празен резервоар, горивото испарува…

3.Обидете се да не точите брзо- Кога постојат услови сами да точите гориво, обидете се да ги изведете во што е можно побавно темпо, бидејќи при голема брзина- горивото испарува…

4.Олеснете го автомобилот-  Извадете се што е непотребно бидејќи кога автомобилот тежи повеќе…повеќе и троши…

5.Пешачете !!!- Можеби еден од најпрактичните совети…Постојат и прилики каде автомобилот и не мора да биде Вашето второ „ Јас “…Бидете рационални и во служба на Вашиот џеб, но и Вашите пари…

Напиши коментар