Motherhood

Прашања кои мора да си ги поставите пред да стапите во брак

Ја пронајдовте својата “сродна” душа и спремни сте да го поминете животот заедно? Стручњаците велат дека паровите кои веруваат дека љубовта може се да победи се многу побрзо доживуваат неуспех во бракот отколку оние кои критички пристаппуваат кон својот однос.

Кога би си дале одговор на овие прашања ќе знаете и каква иднина ќе има вашиот брак.

Зошто се венчаме?

Примарниот мотив за склучување на бракот би требало да биде љубовта. Ако постојат други причини бракот може да биде ставен во неизвесност. Бременоста и финансиските проблеми се најлоши причини да влезете во брак.

Што да очекувам од бракот?

Лажните очекувања, мислењето дека некој друг може да ве направи среќен ќе ве донесе до разочарување.

Како ќе се сложувам со неговото семејство?

Ова е сериозно прашање. Уште пред да стапите во брак бидете на чисто, коллку време ќе поминувате со нив, што тој очекува од вашите родители… Решете ги овие прашања на време. Несогласувањата со родителите и од двете страни се сериозен проблем во речиси секој брак.

Дали добро комуницираме?

Комуникацијата е една од најважните услови за да успее една врска. Ако вие не умеете да се разберете ако нема комуникација, не би можеле да ги решите брачните проблеми кои се во голем број.

Напиши коментар