Убавина

Правилно чистење на лицето во пет чекори

Прв чекор: Измасирајте го лицето со нежно средство за чистење и млака вода, но тоа правете го само два пати дневно. Претераното чистење на лицето може да предизвика премногу лачење на маснотии, а со тоа и да предизвика создавање на црнки и акни.

Втор чекор: Користете ги рацете за да го измиете лицето. Сунѓерите и останатите производи може да ја иритираат кожата и да доведат до црвенило, сушење и лупење на кожата.

Трет чекор: Избегнувајте средства за чистење на лицето кои содржат силни хемикалии како алкохол или СД-40. Овие состојки може да ја влошат состојбата со чувствителната кожа која е склона кон акни, па и да доведат до пребрзо стареење.

Четврт чекор: Истапкајте го лицето со чисти пешкир за да оставите малку влага на кожата и за да избегнете иритација која ја предизвикува триењето.

Петти чекор: Ограничете го пилингот а лицето. Пилингот може да помогне во намалувањето на брчките, но пречестиот пилинг може да доведе до црвенило и иритација на кожата.

 

Напиши коментар