Art & Crafts

Правилно тестирање на make-up производите

Кога избираме шминка, воглавно со помош на тестерот ја нанесуваме на зглобовите на рацете и или надворешниот дел на шаката, пробуваме која нијанса е најблиска до нашиот тен и која најдобро ќе ни прилега.

Меѓутоа кога станува збор за различна шминка, постојат неколку трикови кои попрецизно ќе ви ја одредат дали шминката ви одговара или не…

Течна пудра

Нанесете ја вратот, вратот има универзална нијанса на кожа. Доколку ја испробате пудрата на лицето нема да го добиете саканиот ефект.

Коректор

Испробувајте го во внатрешниот дел зглобот на раката, и нема да погрешите ако земете една нијанса потемен коректор.

Руменило

Најпрвин нанесете го на внатрешниот дел на зглобовите на рацете, меѓутоа обрнете внимание: руменилото изгледа сосема различно кога се става на чиста кожа од она кога го ставате на веќе претходно нанесена течна пудра.

Сенка за очи

Не ја испробувајте на прстите, затоа што површинскиот слој ја на кожата на прстите ја менува бојата на сенката. Попаметно е доколку употребите чепкалка за уши со која ќе ја нанесете сенката на внатрешните зглобови на рацете.

Напиши коментар