ШоуБиз

Предметите на Витни Хјустон се веќе на аукција!

На сите ни беше јасно дека ќе има безброј аукции за работите што еднаш ги поседуваше Витни Хјустон, но зарем мораше толку брзо по погребот?

Следниот месец на аукција ќе бидат ставени црниот кадифен фустан и обетките што Витни ги носеше во нејзиниот најпознат филм „Телохранител“. Тој што ќе понуди најмногу пари ќе си ја збогати својата колекција на скапоцености со уште две парчиња кои пред сѐ имаат огромна емоционална вредност.

Директорот на аукциската куќа Дарен Џулиен вели дека не е чудно да се стават на аукција предметите на една позната личност уште наредниот ден откако таа ќе почине, па секако овој случај не е исклучок.

Аукцијата ќе се одржи на 31-ви Март и 1-ви Април.

Напиши коментар