Убавина

Прејадувањето го оштетува помнењето

Намалувањето на внесувањето на калории и придржувањето на здравиот начин на живот е едноставен начин да го спречите губењето на помнењето кое доаѓа со годините. Последните истражувања спроведени во САД покажаа дека лицата постари на 70 години кои внесуваат повеќе од 2100 калории дневно имаат полошо помнење од останатите.

Научниците истакнуваат дека големиот број на внесени калории го дуплира ризикот од губење на помнењето и од развување благо когнитивно оштетување, кое е состојба помеѓу нормалното помнење и губењето на меморијата кое доаѓа со годините.

Научниците заклучиле дека колку е поголем бројот на внесени калории, толку е поголем ризикот од губење на помнењето, па затоа советуваат здрав и правилен начин на исхрана како превенција од овие проблеми.

Напиши коментар