Bridal

Прекрасна акртичка капела за зимска венчавка

Зимските свадби имаат навистина прекрасен амбиент, особено ако ги направите на некое магично место, каква што е оваа прекрасна арктичка капела која се наоѓа во Шведска.

Секоја година, уметници од целиот свет доаѓаат во Шведска за да дизајнираат капела и хотел направени целосно од мраз, на кои им се дава пригодното име Ајсхотел (ICEHOTEL). На крајот на секоја сезона нивното дело се топи, но за време на зимските месеци Ајсхотелот е едно од најпопуларните места за венчавање во Шведска.

Ајсхотелот е одлично место за оние кои сакаат авантуристичка и магична зимска свадба, како и навистина интересен меден месец. Ноќевањето во овој хотел чини 500 долари за вечер, а изнајмувањето на капелата исто така не е ефтино, но навистина вреди доколку сакате навистина уникатна зимска свадба. Погледнете ги сликите од минатогодишниот изглед на Ајсхотел.

Напиши коментар