Убавина

Прекрасна домашна состојка против целулит

Доколку ви е тешко да издвоите пари за антицелулитни третмани и креми, направете свој рецепт за борба против наслагите на целулит!

Летото се повеќе се ближи, а вас целулитот ве фрла во очај. Нормално, немојте да очекувате резултати преку ноќ, но за подбар ефект , неопходно е и да ги избегнувате причинителите на целулитот, треба многу да се движите, да конзумирате намирници кои се ефикасни против целулит и нормално, треба да ги применувате овие рецепти…

1.      Масажа со кафе….Кафето содржи кофеин, кој е добар за поттикнување на циркулацијата поради што е главна состојка на скоро сите антицелулитни креми и рецептури. Освен тоа, кафето ја поттикнува разградбата на  масните наслаги, што помага во сузбивањето на кожа со ефект на кора од потокал, а го стимулира метаболизмот и лимфниот проток, со што делува против отоците на кожата .

2.      Како се користи кафето?……Најдобро е во својот гел за туширање на ставите лажичка кафе. Смесата нанесете ја на зафатеното подрачје и со кружни движења масирајте ја кожата на тие делови неколку минути. Потоа, се добро исперете, наизменично со топла  и ладна вода.

3.      Маска со цимет…..Циметот го појачува излачувањето на заостанатите, отпадни материи од кожата и поткожното ткиво, со што се намалуваат масните наслаги, т.е. целулитот. Користете го така што со своето млеко за тело ќе ги намачкате критичните делови, а потоа преку него обилно нанесете цимет. Потоа, тие места со нанесените гелови, замотајте ги во фолија и оставете да делува пола час. Тргнете ја фолијата и измијте ја кожата со наизменичен млаз, на ладна и топла вода.

4.      Маска од глина…..Глината е еден од најдобрите детоксикатори на телото , бидејки за себе  ги врзува штетните состојки. На глината доволно е само да и додадет чиста вода, за да се направи густа смеса. Не ја мешајте, оставете ја да се стопи сама. Потоа нанесете и завиткајте се во фолија. По 15 мин. исперете со млака вода а потоа третирајте со млаз од топло ладна вода. На крајот нанесете млеко за тело или некој антицелулитен гел.

Со сите рецептури , мора да паметите дека, здравиот налин на живот и секојдневната масажа на осетливите места(по можност со ракавица или четка), се најбитни.

 

 

Напиши коментар