Bridal

Прекрасна колекција венчаници од Kathy Ireland за Mon Cheri Fall 2012…

Колекцијата изобилува со раскошен тул и сатен, а се карактеризира со совршена елеганција и гламур. Овие венчаници, во форма на сирена, во модели со  тесни  корсети, имаат богат и раскошен сатен со карнери, чипка, и дезени со апликации од везови. Декорациите кои се простираат по целата должина на деколтето се протегаат низ фустанот, втопувајки се во сатенската белина на наборите или пак, во мазниот рамен сатенски, долен дел на фустанот…

Прекрасните, корсети завршуваат и со колани од цветни чипки, балансирајки нежно и претопувајки се во преостанатата аплицирана чипка.

Разгледајте ја оваа галерија, ќе се воодушевите…

+

Напиши коментар