Еве ја идеалната колекција за опуштените пролетни и летни денови. Елегантна класика, но во современи бои и летни вариации. Нешто различно од се што сум видела до сега па затоа ми направи посебен впечаток. Колекција за која немам ништо друго да кажам освен позитивна критика во секој аспект.






