Од сите украси кои може да ги изберете на вашата свадба, најубави се оние природните. А има ли поубав украс за зимска свадба од нежни бели снегулки???
Во носталгија по снегот кој годинава никако да дојде да му се израдуваме, решивме со вас да ја споделиме романтичната свадба на една американска двојка, која заветите за вечна љубов ги кажа на отворено, под нежните снегулки кои послужија како прекрасни украси на самата церемонија.
Кезија и Ештон Кал својата свадбена церемонија ја направиле во Беар Крик Лоџ, прекрасен планински хотел во Мекол, Ајдахо. Нивната свадба е направена во вистински зимски амбиент, со прекрасни зимски детали и нежен бел снег. Погледнете ги прекрасните фотографии:














1 Comment
nedostasuva edna zena kaj grupnata fotografija :)))