Bridal

Прекрасна шарена Дизни венчавка

Кој вели дека амбиентот на венчавките мора да биде организиран во две или три бои? Погледнете ја оваа весела и шарена венчавка, која е инспирирана од шаренилото на принцезите на Дизни.

Станува збор за венчавката на Британи и Бренден Морис, кои решиле да ги срушат стереотипите и да организираат една поинаква и навистина весела венчавка. Невестата одлучила својата љубов кон принцезите на Дизни да ја преточи во интересни фустани за своите деверици, а шарените детали го отсликуваат и младоженецот и неговата „екипа“.

Едни од најинтересните украси на свадбата секако беа централните украси на масите во форма на кралската кочија на Пепелашка, која е еден од главните симболи на Дизни. За своите деверици Британи била навистина инвентивна, па на своите деверици им порачала рачно направени стаклени чевлички, за да се чувствуваат како принцези од бајките.

 

 

Напиши коментар