Мода

Прекрасни чанти од пролетната колекција на Миу Миу

Познатиот бренд Миу Миу оваа година ќе биде еден од најпродаваните брендови кога станува збор за пролетните чанти, тврдат модните критичари.

За разлика од останатите брендови, кои понудија пролетни дизајни со многу цветови и силни бои, Миу Миу успеа да ја задржи неутралноста и класиката, но сепак во своите креации да го вдахне духот на пролетта.

Чантите се дизајнирани за да одговараат на повеќе стилови, па секоја чанта од оваа колекција може да ја комбинирате со модерни пролетни фустанчиња, деловна облека, но и за елегантни вечерни излегувања.

Напиши коментар