Специјално за вас направивме селекција на најдобрите производители на култни чанти и од нивните последни ревии ги извлекоме нивните најдобри модели, со цел да ви го презентираме, најдобро што можеме есенско-зимскиот тренд.
Како што ќе видите од галеријата која го содржи најубавите чанти наменети за оваа сезона има неколку основни насоки во кои се движи есенскиот тренд за 2012/13.
Во однос на големината тука се големите масивни чанти, но и малите коцкасти чантички со долга дршка или синџир. Исто така доста популарни се и чантите во облик на ранец. Основниот материал како и обично за студената сезона е кожата. Боите се типични за сезоната – сите нијанси на кафеавата боја, трула вишна, портокалова, кремава,црна, сива, црвена, бордо, темно сина, зелена, жолта и сл. Чантите со анимал принт и лакираните се повторно тука за класичните дами.
А сега време е да ја разгледате галеријата со најубавите чанти за оваа сезона:


























































































