Bridal

Прекрасни свадбени креации од Дилек Ханиф

Дилек Ханиф е познат турски дизајнер, кој живее и работи во Истамбул и креира за многу познати имиња од турскиот свет, меѓу кои и за првата дама на Турција, Хајруниса Ѓул.

Ханиф е познат по своите дизајни кои се сплет на турската традиција и модерните трендови, а неговите венчаници се прекрасни креации наменети да ја слава убавината на женското тело.

Кога станува збор за неговите свадбени дизајни, Ханиф не се задржува исклучиво на белата боја, туку креира фустани и во златна, шампањ, светло зелена, кремаста и многу други нијанси кои ги наподолнува со рачно изработени детали.

 

Напиши коментар