Мојата кујна

Премиер колач

Брз и вкусен колач од чоколадо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

7 јајца

210 грама шеќер

1 маргарин

200 грама црно чоколадо

180 грама мелени ореви

Џем по желба

3 големи лажици млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Издвојте те ги белките од жолчките.

Со миксер, измиксирајте ги 7 жолчки со 180 грама шеќер.

Откако ќе ги изматите додадете го маргаринот, 100 грама црно чоколадо и 180 грама ореви.

Од белките направете шлаг. Измешајте го шлагот со смесата од жолчките, мешајте со лажица.

Печете на 180 степени Целзиусови 25 минути.

Доколку сакате можете печениот колач да го премачкате со џем по желба.

Прелијте го колачот со глазура од 70 грама маргарин, 100 грама чоколадо. 3 лажици шеќер и 3 лажици млеко. Глазурата подгответе ја во на среден оган, ставете го маргаринот да се растопи, додадете го чоколадото, и останатите состојки.

Премачкај те го колачот додека глазурата е сеуште топла .

Уживајте!!!

Напиши коментар