Здраво тело

Препознајте ги симптомите на дехидрација !!!

Во повеќето случаи знаете дека сте дехидрирале зошто имате чувство на жед. Меѓутоа понекогаш се случува чувството за жед да биде последниот знак кој телото Ви го праќа за да Ве предупреди дека е дехидрирано. Во поголем дел од случаевите на дехидрација луѓето ги игнорираат другите знаци на дехидрација и се преориентираат само на жедта.

Освен чуството на жед, организмот Ви праќа и други знаци на дехидрација…

Сува уста

Пад на крвниот притисок

Главоболка

Вртоглавица

Чувство на замор

Сува кожа

Ретко уринирање

Овие знаци не секогаш се случуваат со одреден ред, што значи дека не важи правилото дека прво ќе почувствувате жед па главоболка.

Која е тајната за одржување на правилна хидрираност на Вашиот организам во текот на жешките летни денови?

Пијте вода пред да осетите дека сте жедни. Летото е времето кога повеќето од нас сакаат да спортуваат но често се откажуваат поради одредени проблеми со главоболка голем умор и така натака. Причината е недоволната хидрираност на организмот. Затоа се препорачува, пред секоја физичка активност да се испие барем половина литар вода. Може тоа количество на вода претставува проблем, но верувајте дека Вашето тело ќе Ви биде бескрајно благодарно.

Идејата е да пиете вода пред да почувствувате жед, на тој начин веднаш ќе забележите дека немањето главоболка и чувство на замор, поголемата енергија ќе Ви бидат секојдневно летно уживање.

Напиши коментар