Убавина

Преубави маски за лице од вашата кујна

Кога имате малку време, а ви требаат брзи ефекти пробајте ги домашните маски кои ни се достапни во секое време.

Маска од мед

Ако сакате да го исчистите лицето темелно, тогаш направете го тоа со мед. Ставете еден слој мед на лицето и оставете нека делува две минути, или од прилика време колку што е потребно да почувствувате затегнување на кожата. Потоа измијте се со млака вода.

Маска од јајца

За затегнување и тонизирање на кожата најдобра е маската од јајца. Изматете цврст снег од една белка. Нанесете на лицето и оставете да делува 20 минути. Ако кожата ви е масна во белката додајте и неколку капки лимонов сок.

Брза хидратација

Испасирајте 4-5 големи јагоди. Со смесата премачкајте го лицето. Оставете нека делува 20 минути, а потоа измасирајте го лицето со кружни движења. При тоа ќе направите и благ пилинг на кожата. Измијте се со млака вода и ставете крема за лице.

Брза маска против акни

Половина шолја испасиран домат измешајте го со млеко во прав, колку да добиете густа паста. Со неа намачкајте го лицето и оставете нека делува 20 минути. Потоа измијте се со млака вода.

Напиши коментар