Дестинации

Преубави термални извори – вредни да се посетат…

Макар во мислите…замислете колку би било убаво да ја почувствувате нивната лековитост и топлина!

Топлиот извор Аренал ( Коста Рика)

Овој извор се наоѓа во близина на северозападниот вулкан Аренал, кој сеуште технички е активен. Топлината и минералите од вулканот, се слеваат во потоците кои течат низ мочуриштата и пасиштата.

Лековитост: Изворот е природно загреан на температура од 20 – 50 степени, која е погодна за опуштање на мускулите. Исто така, големото ниво на минерали, го јакне системот за одбрана на кожата и ги поправа површинските оштетувања.

Сатурнија ( Италија )

Легендата вели дека на врвот на ридот Сатурнија, термалниот извор, испливал на местото каде што паднал гром на Јупитер, при борба со Сатурн. Римјаните, токму овде ја изградиле првата јавна бања на светот.

Лековитост: Со минералните состојки како бикарбонатите и алкалоидите, водата содржи планктон, кој е познат по своето дејство, кое ја смирува и ја штити кожата. Оваа комбинација е докажана како лековита за мускулите, зглобовите, кардиоваскуларните и респираторните проблеми.

Бањата Сечењи ( Будимпешта, Унгарија )

Старите Келти биле првите кои ги користеле терапевтските својства на водата. Научниот интерес за нејзината лековитост, води до изградба на најпознатата градска бања.

Лековитост:  Термалните води се богати со минерали како флуорид, калциум, хидрокарбонати, натриум, магнезиум, сулфати и метаболички киселини. Комбинацијата се покажала како делотворна при лечењето на артритис и другите болести на зглобовите и ортопедски проблеми. Водата од бунарот може да се пие и навистина е лековита со оглед на минералите кои ги поседува, а погодна е и за лечење на чир на желудникот и други внатрешни воспалувања.

Напиши коментар