ШоуБиз

При крај е сајтот на Лејди Гага!

Сајтот е сеуште во подготовка и засега членовите можат само да се регистрираат. Пејачката Лејди Гага посакува да ги собере на едно место „сите свои чудовишта“.

Таа прва собра 18 милиони фанови на Твитер, па затоа одлучила да создаде свој сопствен сајт за дружење со фановите. На сајтот сеуште се работи, а милиони фанови желно го очекуваат неговиот почеток. Засега можат само да се регистрираат.

Друштвената мрежа на Гага ќе биде дизајнирана како една од најпопуларните апликации, на која корисниците ќе можат да споделуваат слики и видео снимки.

Пејачката сака заедно со своите обожаватели да биде главна тема на оваа друштвена мрежа, а по тоа всушност ќе се разликува од сите останати. Администраторите засега стравуваат дали сајтот ќе може да ги „поднесе“ сите „мали чудовишта“.

Напиши коментар