ШоуБиз

Причината за смртта на Лезли Картер е предозираност!

Според полицискиот извештај, Лезли Картер (25), сестрата на пејачите Ник и Арон, починала од предозираност со лекови за депресија.

Лезли, која беше надежна пејачка, почина во вторникот, а официјалната причина за смртта сеуште чека детални токсиколошки тестови. Нејзината маќеа им кажала на репортерите дека Лезли имала долг историјат на ментални болести, а утрото пред да почине била прилично депресивна.

Живеела заедно со татко си и со 10-месечното бебе, често жалејќи се дека не се чувствува добро. Тој ден, маќеата ја нашла Лезли во бањата онесвестена. Ја оставила во кревет да спие, надевајќи се дека не е ништо сериозно, со оглед на тоа што знаела дека Лезли зема разни лекови за депресија и опуштање на мускулатурата. По неколку часа, таа веќе не дишела, а повиканите медицински лица не можеле со ништо да помогнат.

Напиши коментар