Motherhood

Причините поради кои нивните бракови се распаднаа

“Додека смртта не е раздели или нешто друго”- реченица која најдобро би ги опишала голем број на холивудски парови. Љубомората на еден од партнерите, желбата брачниот другар да се промени, неверство – се само некои од причините зошто браковите на јавните личности завршуваат неславно.

Премиерата дојде, а секој од нив е доволно карактеристичен.

Кога во бракот ќе влезете премногу млади – Рис Витерспун и Рајан Филип – нивниот брак, кој траел од 1999 до 2007 година, актерката го опишала со следниве зборови:

-Во бракот научив многу, тоа беше одлична шанса да сфатам што значи да бидеш пратнер и што бракот навистина претставува, тоа е сосема поинаку од она што јас го замислував.

Кога бракот не ви причинува задоволство – Бред Пит и Џенифер Анистон – бракот на познатите актери траеше пет години. Се венчаа во 2000 година и важеа за еден од најубавите двојки во Холивуд. Навидум совршен спој, но не функционираше долго. Актерот за едно интервју открива дека во бракот не бил среќен, долго седел на каучот и пушел џоинт, бидејќи тие и двајцата се преправале дека нивниот брак бил она што всушност никогаш не било.

Кога го лажете својот партнер – Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер – поранешниот гувернер беше во брак 25 години, од 1986 до 2011 година. На оваа листа се најде, бидејќи долгото траење на оваа врска, неговата љубов со поранешната сопруга брзо завршила. Откриено е дека популарниот терминатор долги години ја изневерувал својата животна партнерка и тоа со нивната домашна помошничка со која добил вонбрачен син.

Кога партнерот сака да ве контролира – Џенифер Лопез и Марк Ентони – поранешниот сопруг на Џенифер Лопез во еден момент посакал да ја промени пејачката, му пречел нејзиниот темперамент, побарал од неа да го забави животниот ритам – како да незнаел со кого се оженил.

Кога поминувате многу време одделени – Рајан Рејнолдс и Скарлет Јохансон – двајцата биле премногу фокусирани на своите кариери и многу време биле разделени. Поранешниот сопруг на холивудската актерка пред официјалното завршување на бракот ја запознал Блејк Ливели, со која се ожени во септември оваа година.

Кога веќе не сакаш да се жртвуваш – Мадона и Гај Ричи – во почетокот сè е убаво и полно со љубов, вие лебдите, вашиот партнер исто, но тогаш се губи романтиката и вие помислувате: ова не е она што го очекував, уште колку ќе можам да се жртвувам – изјавила Мадона, објаснувајќи ги причините за разводот на познатите родители. Нивниот брак траеше од 2000 до 2008 година.

Кога сакате целосна независност – Том Круз и кејти Холмс – медиумите како причина за нивниот развод ја навеле силната желба на актерот да биде се под негова контрола и неговата припадност на саентолошка црква, што подоцна и индиректно актерката потврдила, изјавувајќи дека сфатила која е и што сака во животот и дека одлучила на тоа да се фокусира. Очигледно нејзините животни планови биле сосема различни од намерата на нејзиниот поранешен сопруг.

Кога партнерот ве изневерува – Џеси Џејмс и Сандра Булок – холивудската филмска ѕвезда се венчала за Џеси Џејмс пред седум години, по пет години заеднички живот, актерката се одлучила на развод, бидејќи не сакала да ги толерира измамите на својот сопруг.

Кога вашата венчавка станува јавен спектакл – Ким Кардашијан и Крис Хамфрис (2011-2011) – еден од најкратките бракови траеше само 72 дена, а венчавката чинеше дури 10 милиони долари.

Кога морате да бирате помеѓу својот партнер и кариерата – Кети Пери и Расел Бренд – мислев дека во бракот нема да морам да бирам помеѓу сопругот и кариерата, но тогаш сфаќате дека тоа е бајка која не може да се оствари – искоментирала пејачката во документарниот филм “Part of me”.

Кога имате “отворен брак” – Ештон Качер и Деми Мур – тврделе дека во нивниот брак важат отворени правила, а тогаш младиот актер ја изневери сопругата со 22-годишна девојка.

Кога партнерот се однесува екстремно – Хајди Клум и Сил – според странските медиуми, “вулканскиот темперамент“ бил главна причина за неговиот развод со манекенката.

Напиши коментар