Мила Кунис и Ештон Качер веќе со месеци негираат дека се во врска. Се познаваат 14 години, заедно ја започнале кариерата во меѓувреме Мила беше во врска со Меколи Калкин, а Ештон во брак со Деми Мур, и сега конечно заедно.
Кунис (28) пред неколку недели изјавила дека со Ештон се само во пријателски односи, но тогаш папараците ги уловиле како се прегрнуваат, а сега и како се држат за раце на романтичен одмор во Бали. Ако Кунис и Качер лажат, фотографиите не лажат.






