ШоуБиз

Принц Хари сака да трча наспроти Усеин Болт :)

Принцот Хари (27) пројавил желба дека би сакал да трча рамо до рамо со шампионот во спринт Усеин Болт од Јамајка.

Спортски настроениот принц, кој е амбасадор на британските тимови за летните Олимписки игри во Лондон, се надева дека ќе има можност да го посети својот идол во Кингстон и да истрча една трка заедно со него од мерак.

–          И принцот и Болт се нетрпеливи. Сепак, сè зависи од распоредот на Усеин кој на големо се подготвува за Олимпијадата, а Хари не би сакал да му пречи, – изјавил кралски извор.

Инаку, кралското семејство, секоја година ги посетува земјите од Комонвелтот, па Хари наредниот месец ќе ги посети Белизе и Јамајка, кога се надева дека ќе му се пружи шанса да се дружи со најбрзиот човек на планетава на 100 метри.

Напиши коментар