Дали сте пробале некогаш до сега да направите инстант крофни со пудинг? Можеби е вистинското време сега, а ова е рецептот за нив:
Потребни состојки за тестото:
– 250 мл вода
– еден прстофат сол
– 100 гр путер
– 200 гр брашно
– 4 јајца
Потребни состојки за филот:
– 400 мл млеко
– 3 јајца
– 150 гр шеќер
– 5 лажици брашно
– 1 ванилин шеќер
– шеќер во прав за декорација
Подготовка на тестото:
Во еден сад ставете ја водата а потоа додајте го путерот и солта. Варете 7 минути а потоа додајте го брашното и мешајте додека не добиете смеса без грутки. Тргнете од оган и оставете ја смесата да се излади. Во разладената смеса додавајте ги едно по едно јајцата, со мешање помеѓу секое ставање. Загрејте ја рерната на 230 степени.
Во тавата за печење ставете хартија и ставајте од смесата со помош на шприц. Оставете простор помеѓу смесата да не се залепат при печењето. Доколку немате шприц може да користите лажица како алтернатива. Печете ги 25 до 30 минути без да ја отварате рерната.
Топлите крофни пресечете ги на пола додека се топли.
Подготовка на филот:
Во меѓувреме одвојте 3 жолчки од белки. Во посебен сад измешајте три жолчки со шеќерот и ванилата. Додајте брашно и 100 мл млеко и убаво измешајте. Од 3-те белки направете цврст снег и измешајте го со смесата. Во друг сад ставете 300 мл млеко и сварете го, а потоа ставете ја смесата. Варете додека не добиете густа смеса, и при тоа мешајте брзо константно. Тргнете го садот од оган и сотавете го филот да се излади. Потоа наполнете ги крофните, а одозгора посипете ги со шеќер во прав и декорирајте со овошје по желба.