ШоуБиз

Принцот Harry го наттрча Usain Bolt?!

Принцот Harry можеби има доста таленти, но спринтот очигледно не е еден од нив. За време на неговата посета на Јамајка, принцот (27) се сретнал со олимпискиот шампион во спринт Usain Bolt и двајцата се тркале на стадионот во Кингстон.

По лажниот почеток, Harry почнал со сета сила да трча и да се поти, додека Bolt спокојно си џогирал рамо до рамо со принцот. На крај, се знае, мора принцот да победи, како во приказните.

–          Мамеше. Му кажав дека ќе има реванш за време на Олимписките игри во Лондон, ова лето. Сега сум прилично зафатен, – се пошегувал врвниот атлетичар. „Ми беше мило што го запознав принцот, тој е доста приземјен и позитивен човек кој обожава да се смее и шегува“.

Напиши коментар