ШоуБиз

Принцот Harry сака да стане диџеј! :)

Пријателите на принцот Harry тврдат дека тој е голем љубител на реге музика и дека посакува да застане позади миксетата и да ја пушта својата омилена музика на забави и журки.

Откако ја посетил Јамајка минатата година, принцот станал опседнат со реге музика. Таму се сретнал со Rita Marley, вдовицата на Bob Marley.

Принцот веќе почнал да вежба на миксета заедно со еден свој пријател, кој е диџеј во ноќен клуб. Почнал и да ја проширува својата реге колекција и купува реге плочи на интернет.

–          Harry од секогаш сакал музика, но патувањето во Јамајка му ги отвори очите. Средбата со Rita Marley беше голема инспирација за него. Тоа влијание го натера интензивно да се занимава со реге музика кога се врати во Британија, – вели неговиот пријател.

Напиши коментар