Познато е дека Лас Вегас е местото на слаткиот грев и грешните задоволства, а токму тоа место принцот Хари го одбра за одмор. Тој таму се забавуваше со своето друштво, но наиде на многу секси девојки кои заводливо парадираа покрај него.

Една од нив посебно го привлече вниманието на принцот Хари, па тој не се ни обидуваше да го прикрие тоа. Погледот не го симна од една блондинка која со бујно деколте и убаво тело постојано беше во негова близина. Би било интересно ако таа стане принцеза и влезе во кралското семејство живеејќи под строгите кралски правила.


