Принцот Вилијам наполни 30 години, а со тоа го исполни условот да го троши големото наследство на својата покојна мајка, принцезата Дијана.

Таа на својот син му остави во наследство 15,7 милиони долари. Вредноста на наследството е двојно поголема, но другата половина ќе му припадне на принцот Хари кога и тој ќе го прослави својот 30-ти роденден.
