ШоуБиз

Принцот William наследува пари од мајка си!

Принцот William на 21-ви Мај ќе наполни 31 година и токму на тој ден ќе стане уште побогат отколку што е денес.

Принцезата Diana на своите синови William и Harry во својот тестамент им оставила 13 милиони фунти од кои секој од синовите има право на половина износ. Како услов поставила дека само кога ќе наполнат 30 години ќе имаат право да располагаат со тоа што им го оставила во наследство.

Се верува дека со паметните вложувања на принцезата, оваа сума досега нараснала на дури 20 милиони фунти и дека за една недела принцот William ќе стане побогат за скоро 12 милиони евра.

–          Парите што ќе ги добие Will добро ќе им дојдат со Kate доколку се одлучат да купат своја куќа, – изјавил близок извор на семејството.

Напиши коментар